Кинеската тенисерка Ифан Ван ја освои титулата на тенискиот турнир во Акапулко (Мексико). 24-годишната Ван ја победи Софија Кенин (САД) со 2:6, 6:3, 7:5 во 2 часа и 10 минути игра и ја освои својата прва ВТА титула во кариерата.

Кинеската, која е број 65 на светската ранг-листа, надмина негатива од 0:2 во вториот сет, а во третиот дел направи решавачки врејк за 6:5 и го освои мечот.

Викторија Азаренка пак ја освои првата титула по раѓањето на нејзиниот син Лео во декември 2016 година, откако заедно со Саисаи Ченг ја освои титулата во двојки на турнирот.

Во финалето ти ги победија третите носителки Џулиана Олмос (Мексико) и Дезире Кравчик (САД) со 6:1, 6:2 за само 55 минути игра.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2019 12:30