Спортистите од Океанија ќе добијат дозвола да учествуваат на Азиските игри во септември 2022 година во кинескиот град Хангжу.
Олимпискиот совет на Азија одлучи на Генералното собрание во Бангкок да ги покани претставниците на пацифичкиот регион да се натпреваруваат во неколку спортa, меѓу кои одбојка, одбојка на плажа, кошарка, фудбал и мечување.
Австралиски спортисти учествувале на Источноазиските игри во Осака (Јапонија) во 2002 година, а во минатото натпреварувачи од Океанија се вклучувале во Азиските зимски игри, во Азиските игри во сала и во Азиските шампионати по боречки вештини.
Во Олимпискиот комитет на Океанија членуваат 17 држави, меѓу кои Австралија и Нов Зеланд.