Пилотот на Вилијамс, Роберт Кубица смета дека тимот не е добро подготвен за почетокот на сезоната. Британскиот тим ги пропушти првите два дена на тестовите во Барселона, а на последниот ден Кубица возеше 90 круга.

– Ние изгубивме уште еден ден. Се разбира, видовме нешто, но состојбата на болидот е далеку од оптимална. Соочени сме со проблеми. Болидот не е она што го очекувавме. Целата програма на последниот ден беше искривена, податоците не се собрани во целост. Ова е последица на проблемите од изминатата недела. Немавме доволно резервни делови, за нови немаше време да се обезбедат до крајот на тестовите. По таквите тестови ќе биде тешко да се вратиш на трката. Но, таква е реалноста. Не можам ништо да направам. Ние направивме само 20 проценти од планираните за тестови, изјави Кубица.

Новата сезона во Шампионатот во Формула 1 ќе стартува со трката за Големата награда на Австралија на 17 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2019 09:18