Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Лук Волтон изјави дека има шанса Лонзо Бол да не се појави во игра до крајот на сезоната.

Бекот се опоравува од повредата на глуждот, која ја доби на крајот на месец јануари, а во моментов „езерџиите“ се далеку од плеј-оф местата и веројатно нема да ризикуваат со враќањето на Бол на теренот.

Волтон додаде дека приоритет за сите е Лонзо целосно да се опорави, за да продолжи со својот развој во текот на летото и да биде уште покорисен на Ел Еј во иднина.

Најголемиот од браќата Бол доби повреда на 19 јануари при поразот на тимот од Хјустон Рокетс.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2019 14:53