Ѕвездата на Селтикс, Кајри Ирвинг постигна 30 поени, а Маркус Смарт додаде 16 за успехот на Бостон со 120:107 над Лос Анџелес Лејкерс во последното издание на дербито за оваа сезона во НБА.
На овој начин „Келтите“ се одмаздија на големиот ривал за поразот од пред еден месец, кога загубија на домашен терен со 128:129 со кош со сирената.
Бостон е на трето место во Атлантската дивизија и речиси сигурен за настап во плеј-офот, додека Лејкерс е на 11 место во Западната конференција со 30 победи и 36 порази.
Маркус Морис постигна 16 поени и 7 скока, а Гордон Хејворд додаде 15 поени за победниците, кои регистрираа трети успех во последните 4 натпревари при посетата во Калифорнија.
За Лејкерс само Леброн Џејмс беше на ниво, откако го забележа 80-тиот „трипл-дабл“ во кариерата, завршувајќи го натпреварот со 30 поени, 12 асистенции и 10 скока, како и седмо такво достигнување во дресот на „езерџиите“.
Домаќините не се потпираа на доста од нивните главни играчи, меѓу кои и Кајл Кузма, ЛонзоБол, Брендан Инграм, Тајсон Чендлер итн.
Резултати од НБА
Њујорк – Сакраменто 94: 102 Атланта – Бруклин 112: 114 Минесота-Вашингтон 135: 130 по продолжение Лос Анџелес Лејкерс – Бостон 107: 120 Милвоки – Шарлот 131: 114 Портланд – Феникс 127: 120
Лидери по дивизии:
Источна конференција
Атлантска дивизија: Торонто – 47 победи, 19 порази Централна дивизија: Милвоки – 50/6 Југоисточна дивизија: Мајами – 31/34
Западна конференција
Северозападна дивизија: Денвер – 43/22 Пацифик дивизија: Голден Стејт – 45/20 Југозападна дивизија: Хјустон – 40/25.