Американската тенисерја Серена Вилијамс не ја помина третата рунда од турнирот во Индијан Велс против Гарбине Мугуруса поради здравствени проблеми.

По 6:3, 1:0 во корист на Шпанката, Серена направи тешка одлука да не го продолжи мечот.

Претходно таа се консултираше со лекар и тренерот, а потоа се повлече од турнрот.

Во следниот круг, Мугуруса ќе се соочи со Кики Бертенс, која ја совлада Јоана Конта со 7:6, 6:4.

Во следното коло се пласираа и Барти, Свитолина, Андреску, Халеп, Ванг и Вондроусова.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 10:32