Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ја прокоментира состојбата на Кевин Дурант, кој ја напушти предвремено теренот при поразот синоќа од Финикс.

Големата ѕвезда на „воините“ го повреди десниот глужд, со кој имаше проблеми претходно во сезоната, но изгледа дека ситуацијата не е загрижувачка.

– Не изгледа како нешто сериозно, рече Кер по поразот, кој беше прв за шампионите против овој ривал од ноември 2014 година.

За 30 минути минути при поразот вчера, Дурант постигна 25 поени при шут од игра 9/17 и 6/8 од линијата за слободни, а исто така зад своето име имаше запишано 2 скока, 2 украдени топки и 3 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 11:57