Луис Хамилтон е гладен за успех – тоа во буквална смисла. Во зима петкратниот светски шампион се „товарел“ со храна за да качи килограми, поради новите правила. Од оваа година, тежината на пилотот и седиштето се мерат одделно од тоа на болидот, откако треба да биде минимум 80 кг. Луис вели дека внесувал многу поголеми количини храна, но истовремено не запирал да тренира, за да ја зголеми мускулатурата.

– Во зима можев да јадам што ќе посакам, вклучувајќи слатки и чипс, но продолжив да бидам многу активен. Веќе месец и нешто наваму сум многу чист. Телесните масти се намалуваат и работам на зголемување на мускулна маса. Не сакам да станувам „Хулк“. Потребно е време да качиш мускули на вистински начин, но сепак беше забавно да јадам поголеми порции, изјави Британецот.

Пилотот на Мерцедес сподели дека качил околу 2 килограми во мускули и се зголемил. Според официјалниот сајт на тимот, Луис тежи 68 кг. Независно од режимот за дебелеење, Британецот не се откажал од веганството.

– Се чувствувам посилен. Работев со тренер веген и двајца спортисти“, додава тој.

Луис не е единствениот кој качил килограми. Други пилоти го направиле истото, бидејќи мускулите помагаат полесно да се поднесува товарот за време на трката. Покрај тоа, колку поблиску е пилотот до задолжителниот минимум, толку помалку излиѓен материјал ќе треба да биде ставен во болидот (ако воопшто се наметнува тоа).

– Јас дури и малку претерав. Зголемив доста мускулна маса. Ќе треба да се испотам повеќе на првата трка, но сметам дека ќе влезам во норма, сподели пак Ромен Грожан од Хас.

За разлика од Луис и Ромен, Валтери Ботас нема проблеми со килограмите, но исто тренирал интензивно. Во родната Финска тој комбинирал ски-трчање со фитнес. Вежбите му вклучувале оптоварување на вратот – како на пример странични оптоварувања со кацига на главата. Клубскиот колега на Хамилтон ги одобри промените во правилата.

– Промената ќе го олесни нашиот живот. На многумина од нас се наложуваше да се симнуваме под природната тежина, а тоа не прави поподложни на замор и болести. Оваа зима за прв пат по многу време не се разболев од настинка или грип, изјави Финецот на темата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 14:15