Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок ќе претрпи големи промени. Тимот кој владееше со Европа со години оваа сезона ќе ја заврши без трофеј, а ќе ја доработи под палката на повратникот Зинедин Зидан.

За очекување е Зизу да формира свој тим во текот на летниот преоден рок. Многу имиња се поврзуваат со трансфер во редовите на „кралевите“, а најмногу се зборува за Килиан Мбапе и Нејмар.

Токму на оваа тема, претседателот Флорентино Перез даде одговор пред медиумите. На прес-конференцијата на која беше промовиран Зидан, тој доби прашање – „Ако можете да бирате меѓу Нејмар и Мбапе, кој би го одбрале?“, на кое одговори интересно. Перез беше дециден, па кажа кратко и јасно „Би ги зел двајцата“.

Со овој одговор, дополнително се подгреваат шпекулациите дека Реал Мадрид ќе активира трансфер-бомби на пазарот во летниот преоден рок. Најавено е дека Зидан ќе добие одврзани раце, а буџетот ќе биде во висина од 300 до 400 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 02:46