Ден пред почетокот на викендот за Гран При на Австралија, Формула 1 беше потресена од смртта на тркачкиот директор, Чарли Вајтинг.

Во четвртокот наутро по локално време, тој добил белодробна емболија и починал ненадејно. Случката е вистински шок за тимовите и пилотите.

– Со огромна тага дознав за смртта на Чарли. Тој беше една од најзначајните фигури во Формула 1 и ја носеше во себе етиката и духот на овој фантастичен спорт. Загубивме пријател и човек кој беше вистински амбасадор на спортот, рече претседателот на ФИА, Жан Тод.

Шеесет и шест-годишниот Вајтинг беше една од најпочитуваните и најхаризматични фигури во Формула 1. Тој ја започна својата кариера уште во 1977-та, откако прво работи во Хескет, а потоа преминува во Брабам и како главен инженер помага за 2 титули на Нелсон Пике.

Во 1988-та станува дел од раководството на Формула 1, а од 1997-та е тркачки директор.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2019 11:19