По синоќешните дуели, станаа јасни имињата на тимовите кои се пласираа во четвртфиналето на Лигата на Европа. Тоа се тимовите на Челзи, Наполи, Валенсија, Арсенал, Ајнтрахт Франкфурт, Виљареал, Славија Прага и Бенфика.
Челзи го декласираше Динамо Киев со 5:0 како гостин по „хет-трикот“ на Оливие Жиру и со вкупен резултат од двете средби 8:0 го елиминира со неочекувана леснотија украинскиот клуб.
Наполи загуби на гостувањето кај Ред Бул во Салцбург со 1:3, но продолжува напред, откако ги победи Австријците со 3:0 во Неапол.
Валенсија се спаси со гол на Гонзало Гедеш во дополнителното време на реваншот со Краснодар, кој заврши со резултат 1:1. Во првата средба, „лилјаците“ беа победија со 2: 1 против рускиот тим, кој беше на чекор од четвртфиналето по погодокот на Магомед-Шапи Сулејманов во 85-тата минута. Меѓутоа, во 93. минута Гедеш ги шокираше домаќините и ја рангираше шпанската екипа за следната фаза.
Во Лондон, Арсенал победи со 3:0 против Рен и се реваншира за поразот со 1:3 на француска земја. Два гола за „топџиите“ постигна Пјер Емерик Обамејанг, а еден погодок реализира Ејнсли Мејтланд-Најлс.
Виљареал го надигра со 2:1 дома Зенит и со вкупен резултат 5:2 го елиминира тимот од Санкт Петербург, додека Ајнтрахт Франкфурт отстрани италијанскиот гигант Интер по победата од 1:0 во реваншот во Милано.
Првиот натпревар заврши 0:0, а Лука Јовиќ беше стрелец на единствениот погодок во реваншот, откако реализира во 5-тата минута.
Два судири мораше да се решат по дополнително време. Бенфика го победи со 1:0 Динамо Загреб во регуларното време (гол на Жонас), а во продолженијата „орлите“ од Лисабон реализираа уште два погодоци (дело на Феро и Алекс Грималдо) и ги елиминираа Хрватите со вкупен резултат од двете средби 3:1.
Најдраматично беше во чешката престолнина, каде Славија Прага успеа да го исфрли од турнирот еден од најголемите фаворити за трофејот – Севиља.
Во регуларното време, двете екипи завршија со 2:2 и го повторија резултатот од првиот натпревар. Во продолженијата, Шпанците први постигнаа гол и изгледаа дека се со едната нога во четвртфиналето, но Чесите не се предадоа. Тие стигнаа до 3:3 уште во крајот на првото продолжение, а во последните секунди на второто, Ибрахим Траоре беше прецизен за 4:3 и сензацијата беше факт.
Лига Европа, 1/8-финале, реванш-дуели:
Од 18:55:
Динамо Киев – Челзи 0:5 (во првиот натпревар 0:3) 0:1 Жиру (5) 0:2 Жиру (32) 0:3 Алонсо (45 + 1) 0:4 Жиру (59) 0:5 Хадсон-Одој (78)
РБ Салцбург – Наполи 3:1 (во првиот натпревар 0:3) 0:1 Милик (14) 1:1 Дабур (25) 2:1 Гулбрандсен (65) 3:1 Лаитген (90 + 2)
Краснодар – Валенсија 1:1 (во првиот натпревар 1:2) 1:0 Сулејманов (85) 1:1 Гедеш (90 + 3)
Од 21:00 часот:
Интер – Ајнтрахт Франкфурт 0: 1 (во првиот натпревар 0:0) 0:1 Јовиќ (5)
Бенфика – Динамо Загреб 3:0 по продолженија (во првиот натпревар 0:1) 1:0 Жонас (71) 2:0 Феро (94) 3:0 Грималдо (105)
Славија (Прага) – Севиља 4:3 по дополнително време (во првиот натпревар 2:2) 1:0 Нгаду-Нгаџуи (15) 1:1 Бен Једер (44-пенал) 2:1 Сучек (47-пенал) 2:2 Мунир (54) 2:3 Васкез (98) 3:3 Ван Бурен (102) 4:3 Траоре (119)
Арсенал – Рен 3: 0 (во првиот натпревар 1:3) 1:0 Обамејанг (5) 2:0 Мејтланд-Најлс (15) 3:0 Обамејанг (72)
Виљареал – Зенит 2:1 (во првиот натпревар 3:1) 1:0 Морено (29) 2:0 Бака (47) 2:1 Ивановиќ (90 + 1).