Никола Јокиќ го разочара Лука Дончиќ во битката на две од младите европски ѕвезди во НБА, откако ја донесе победата на Денвер над Далас со 100:99 со кош со звукот на сирената.
Маверикс водеа со 12 поени на почетокот на последната четвртина и макар и да ја загубија предноста, Дончиќ излезе на сцената со моќно забивање, за да ја врати предноста на 6 секунди пред крајот.
Преостанатото време, сепак, беше доволно за Јокиќ, кој реализираше шут од околу 3 метри со една рака и така го обезбеди триумфот на Нагетс кој останува втор на Запад со биланс 45-22. Домаќините ја освоија последната четвртина со 21:10.
Србинот се истакна само со 11 поени, но 2 од нив беа најважните. Тој сепак додаде 14 скока и 8 асистенции за победниците, а Пол Милсап постигна рекордни за него сезонава 33 поени.
Дончиќ постигна 24 коша за Далас.
Останатите резултати:
Индијана – Оклахома Сити 108:106 Орландо – Кливленд 120:91 Бостон – Сакраменто 126:120 Торонто – ЛА Лејкерс 111:98 Јута – Минесота 120:100.