Центарот на МЗТ Скопје, Предраг Самарџиски беше прогласен за најдобар играч (МВП) во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата.

Поранешниот македонски репрезентативец имаше одличен настап во дуелот со Спарс, откако го заврши мечот со 26 поени, 14 скокови, 4 асистенции, три украдени топки и три блокади.

Самарџиски беше втор стрелец на 22 коло на регионалната лига, како и најдобар скокач.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 11:46