Валтери Ботас со Мерцедес нанесе удар на стартот на новата сезона во Формула 1, освојувајќи го Гран При на Австралија.
Финецот, кој беше без победа во 2018 година, сега оствари четврти триумф во кариерата и добро ја започна кампањата.
Ботас, кој стартуваше втор, поведе уште од стартот и го остави зад себе светскиот шампион и тимски колега Луис Хамилтон. Макс Верстапен со Ред Бул се искачи на подиумот, што беше одличен резултат во првата трка на Хонда.
Лош ден за Ферари, откако Себастијан Фетел немаше шанса да се бори за место во челото и остана само четврти, а зад него се нареди неговиот тимски колега Шарл Леклер.
По пилотите на Ферари во топ 10 влегоа и Кавин Магнусен, Нико Хулкенберг, Кими Раиконен, Ленс Строл и Данил Квјат, кој го задржа зад себе вториот болид на Ред Бул – Пјер Гасли.