Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, говореше по неговиот успех на почетокот на Големата награда на Формула 1 во Австралија. Финецот беше категоричен дека оваа година на трасата во Мелбурн ја извозел најдобрата трка во кариерата и изјави дека едвај го чека следниот старт. Следната трка е на крајот од март во Бахреин.
– Не знам што да кажам, почетокот беше одличен. Тоа беше најдобра трка во мојата кариера. Не знам што се случи. Се чувствував толку добро, постојано го контролирав автомобилот. Денес ќе уживам во она што се случи. Беше малку ризично со гумите, но сум многу среќен и немам трпение да дојде следната трка, изјави Ботас непосредно по успехот.
Според него, денешниот триумф е плод на работата што ја завршил во претходните сезони.
– На почетокот важно беше да можам да ја изградам мојата стратегија на најдобар можен начин. Да правам поголема разлика по секој поминат круг, додаде Ботас подоцна на подиумот.