Мастерсот во Индијан Велс штотуку заврши со триумф на Доминик Тим, но за само неколку дена почнува следниот голем турнир во Мајами.

Тој, сепак, ќе биде без двајца од топ 5 играчите кај мажите. Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро ќе го пропуштаат турнирот бидејќи и двајцата имаат проблем со коленото.

Дел Потро го пропушти „Мастерсот“ во Индијан Велс, кој го освои во 2018 година. Всушност, неговиот единствен турнир во сезоната беше оној на Делреј Бич, но тој покажа дека проблемот кај Аргентинецот не е елиминиран.

Надал добро се држеше на Индијан Велс, но повторно не успеа да заврши турнир на цврста подлога. Тој стигна до полуфиналето со Роџер Федерер, но тој не излезе на теренот поради болката во коленото.

Шпанецот се очекува да се врати на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло, првиот за годината на земја, на кој тој стана шампион рекордни 11 пати.

Со Дел Потро, ситуацијата е посложена и има дури и информации дека тој ќе мора да се подложи на нова операција и да пропушти речиси шест месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2019 11:44