Организаторите на Мастерсот во Мајами извршија жребување за турнирот со вкупен награден фонд од 9,3 милиони долари.

Новак Ѓоковиќ како носител, ќе биде слободен на почетокот на турнирот, а неговиот прв противник ќе биде победникот од натпреварот помеѓу Бернард Томиќ и Томаш Бердих.

Од победниците, во половината на Новак се Џон Милман (потенцијален ривал во третиот круг), Кеи Нишикори, Џон Иснер, шампионот од Индијан Велс, Доминик Тим, Милош Раониќ …

Роџер Федерер е поставен за четврти носител и евентуален дуел со Ѓоковиќ е можен само во финалето.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 01:23