– Еве како ја пееме „Македонско девојче“, на гости кај Сурма, со домородните луѓе на границата помеѓу Етиопија и Јужен Судан, гласи пораката под видеото што на Фејсбук го објавува Билјана Јуруковски.

Инаку народот Сурма, кој го чинат племињата Сури и Мурси, е познат по карактеристичните дискови вметнати во усните, препознатлив знак за убавина и статус кај нив. Но, нивното постоење е загрозено од постојаната суша, градењето на брани и основањето на национални паркови во нивните краишта



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 05:15