Македонската кошаркарска репрезентација го освои третото место на Специјалната олимпијада во Абу Даби.

Македонските кошаркари во натпреварот за третото место победија против Буркина фасо со 24-18.

Претходно златни медали освоија Марио Мицковски и Стефан Трпковски во пливачките трки на 50 метри во слободен стил.

Во атлетика, пак, бронзен медал освои Адријан Шабан во трката на 50 метри.

Летните олимписки игри за лица со посебни потреби се одржуваат од 14 до 21 март во Абу Даби. Во нив учествуваат над 7.000 учесници од 190 земји, кои се натпреваруваат во 24 спортови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 13:47