Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес е суспендирана од Европска народна партија (ЕПП), соошти претседателот на ЕПП, Жозеф Дол на Твитер.

Одлуката е донесена по долги часови партиски преговори и натегања помеѓу сите партии членки на Европската Народна Партија, одлуката е донесена.

– Фидес ќе биде суспендирана веднаш и до следно известување, по денешното гласање на членките на ЕПП, 190 гласа „за“ и три „против“, напиша Дол.

Тој прецизираше дека суспензијата значи дека Фидес, партијата на унгарскиот премиер, нема да може повеќе да присуствува на партиските средби, нема да има право на глас ниту да предлага кандидати за функции.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 19:22