Романскиот министер за одбрана Габриел Леш изјави дека НАТО треба да имплементира долгорочна и сеопфатна стратегија за да се обезбеди сигурност на Црното Море од наводно руско влијание.

– Русија е на ново ниво на стратешки пристап, и е подготвена со директна агресија да постигне одредени политички цели, изјави Леш на „Атлантско-Црноморскиот форум“.

– Целта е очигледна, поставување и одржување воена доминација, и да се спречи пристап на западот до регионот, и да ги поткопа европските и евроатлантските аспирации на Грузија, Украина и Молдавија, додаде министерот.

Леш истакна и дека Црното Море стана област од стратешка важност за НАТО.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2019 18:14