Европската Унија ќе одобри одлагање на Брегзит до 22 мај, доколку британскиот Парламент во текот на следната недела го усвои Договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Лондон и Брисел, се наведува во нацрт-соопштението од денешното заседание на Европскиот совет.

– Европската унија пред 29 март ќе прифати одлагање на Брегзит до 22 мај, под услов Договорот за истапување да биде усвоен во британскиот Парламент следната недела, се вели до текстот.

Според лидерите, одлагање на Брегзит за по 22 мај е невозможно, поради фактот што Велика Британија нема да учествува на европските избори, што се закажани за од 23 до 26 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2019 19:30