САД ќе потрошат околу шест милијарди долари за усовршување на „најдобриот тенк во светот“, „М1 Ејбрамс, најави американскиот претседателот Доналд Трамп во говор во фабриката за производство на тенкови во градот Лајма во сојузната држава Охајо.

„Лајма Арми Тенк Парк“ е единствената фабрика за тенкови во САД. Сите слични армиски постројки во САД досега беа затворени.

Во текот на своето обраќање пред вработените, Трамп укажа дека парите за модернизација на 160 тенкови М1 ќе бидат доделувани во текот на следните три години.

Тој при тоа оцени дека „М1 Ејбрамс“ е „најефективниот, најсигурниот и најборбениот тенк во историјата на војните“.

Пентагон во февруари објави видео од усовршениот „М1 Ејбрамс“ на кој се гледа дека тенкот е надградено со систем за активна заштита „Трофи ХВ“, дизајниран од израелската компанија „Рафаел Адвенсед Дифенс Системс“.

Повеќе американски изданија објавија дека моделот М1А2Ц на тенковите „Ејбрамс“ е „веројатно најдобриот тенк во светот“.

САД во 2020 година планираат зголемени трошоци за одбрана до 750 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2019 19:31