Сириската Влада ја осуди вчерашната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, со која порача дека е време да се признае дека Голанска Висорамнина му припаѓа на Израел.

Сириската Влада наведе дека е одлучна со „сите средства“ повторно да ја врати контролата над Голанска Висорамнина.

– Изјавата на Трамп покажува слепа пристрасност на САД кон Израел, но реалноста е дека Голанска Висорамнина е и ќе остане сириска и арапска. Сириската нација е уште поодлучна да го ослободи оваа вредно парче сириска територија користејќи ги сите средства, се наведува во соопштението од сириската Влада.

Трамп вчера на Твитер објави дека е време да се признае суверенитетот на Израел над Голанска Висорамнина.

– По 52 години време е САД во целост да го признаат израелскиот суверенитет над Голанска Висорамнина, што е од клучно стратешко и безбедносни значење за државата Израел и регионалната стабилност!, напиша Трамп на Твитер.

Израел ја освои Голанска Висорамнина од Сирија за време на шестдневната војна во 1967 година, а подоцна ја анектира областа.

Шестдневната војна позната и како Арапско – израелска војна се водеше помеѓу Израел од една страна и Египет, Јордан и Сирија од страна. На крајот од војната Израел под своја контрола ги стави Појасот Газа, Синајскиот Полуостров, Западен Брег и Голанска Висорамнина.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 09:35