Во Крајстчерч и ширум Нов Зеланд денеска се слушнаа муслиманските повици за молитва, седум дена по трагедијата во двете џамии, при што загинаа 50 лица.

Повеќе од 20.000 луѓе се собраа пред џамијата Ал Нур во Крајстчерч, каде што најголем број луѓе настрадаа во минатонеделниот напад.

– Нов Зеланд тагува со вас. Ние сме едно, рече премиерката Џасинда Ардер, пред двоминутниот молкво чест на жртвите.

Во меѓувреме, заменик-премиерот на Нов Зеланд Вотсон Питерс учествуваше на итна седница на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) што се одржува во Турција.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 09:50