Флавио Бријаторе е на мислење дека Ферари едвај ќе ја освои светската титула во Ф1 во 2019-та. Многумина очекуваат италијанскиот тим да покаже сила во следниот старт во Бахреин, бидејќи доминираа за време на зимските тестови, и се чини дека се во состојба да го поразат Мерцедес. Но поранешниот шеф на Рено не е толку сигурен.

– Ќе биде многу тешко. Ништо не е променето во споредба со минатата година. Имаа три месеци во текот на зимата да се подготват, но Ферари дури не се блиску до скратување на растојанието со Мерцедес, изјави Бријаторе за „Радио Капитал“.

Италијанецот верува дека Мерцедес повторно ќе го освои шампионатот.

– Со толку силен Мерцедес, единствената трка е меѓу Хамилтон и Ботас. За да ги победат, Ферари треба да стопат 8-9 десетинки. Сметам дека Мерцедес ќе продолжи да доминира. Да, Австралија не е типична трка, но ако си силен, силен си насекаде. Штом започнуваат со правдања уште од првиот старт, значи ќе биде многу тешко, вели поранешниот шеф на Рено.

На прашањето каде според него е грешката на Ферари, Бријаторе прокоментира вака: Веројатно се си функционира, но веќе имаме шампионат за гуми, а не за пилоти. Трката стана толку технолошка, што слушаш коментаторите да зборуваат само за гуми, гуми, гуми , наместо за борба на гладијатори“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 10:20