Бекот на Бостон Селтикс, Маркус Смарт беше казнет со 50.000 долари поради неговиот удар, упатен кон центарот на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембид, што доведе до негова дисквалификација.

Казната за 25-годишниот Смарт е поголема од стандардната, бидејќи има многу слични дела зад грбот.

Претходно оваа сезона, Смарт беше казнет со 35.000 долари откако влезе во конфликт со играчот на Атланта Хокс, Андреа Бембри.

Во својата петгодишна НБА кариера, Смарт е казнет со вкупно над 170.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 13:01