Католички свештеник е избоден пред десетина верници за време на утринска миса во црквата Свети Јосип во Монтреал во Канада.

Локалната полиција соопшти дека утрово околу 8:40 часот по локално време излегла на лице место и дека обезбедувањето веќе го имало совладано и задржано осомничениот за нападот.

Во полицискиот извештај се наведува дека нападнатиот свештеник Клод Гро претрпел полесни повреди на горниот дел од телото и оти е однесен во болница.

Се уште не се познати мотивите за нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 19:26