На американскиот претседател Доналд Трамп му се допаѓа севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и тој смета дека не се потребни дополнителни санкции кон Пјонгјанг, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Изјавата на Сандерс уследи откако Трамп на Твитер објави дека наредил повлекување на новите санкции кон Северна Кореја, што ги воведе американското Министерство за трговија.

– Министерството за финансии денеска соопшти дека досегашните санкции кон Северна Кореја се прошируваат со нови. Но, јас наредив повлекување на тие дополнителни санкции, објави синоќа Трамп.

Новите санкции на Министерството за финансии се однесуваа за две кинески транспортни компании, кои, според САД, и помагале на Северна Кореја да ги избегнува меѓународните казнени мерки.

Овие санкции беа први мерки што ги презедоа САД кон Северна Кореја по неуспешниот Самит меѓу Трамп и Ким во Виетнам, што се одржа на крајот на минатиот месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2019 12:29