Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини за увоз на автомобилите на големите европските автопроизводители, како Бе-Ем-Ве и „Мерцедес“, доколку не отворат свои погони во САД.

– Тие го имаат Бе-Ем-Ве, го имаат „Мерцедес“. Имаат многу добри возила кои влегуваат (во САД). Сакам да ги произведуваат овде. Ако сакате да ги продавате (автомобилите) на Американци, произведувајте ги овде, им порача Трамп на европските автомобилски компании во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“.

Тој нагласи и дека ги одбил предлозите на Европската Унија, кои предвидувале царините за автомобилите на двете страни „да бидат сведени на нула“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2019 13:00