Британскиот министер за трговија Лајам Фокс изјави денеска дека Велика Британија можеби нема да ја напушти ЕУ доколку Парламентот не го одобри договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј.

Тој оцени дека дека тоа би поттикнало демократска и уставна криза во земјата.

– Или ќе излеземе од ЕУ со договор, или ќе ја напуштиме без договор, што е можно. Но мислам дека Парламентот прави се за тоа да биде како што треба, или воопшто нема да ја напуштиме, за што мислам дека ќе произведе демократска и уставна криза, истакна Фокс.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 12:57