Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила ја почнаа првата официјална повеќедневна посета на Куба со отворено покажување на несогласувањето на британското кралско семејство со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп околу економската изолација на оваа комунистичка земја.

Се очекува наследникот на британскиот престол да положи и венец на споменикот на херојот на колонијалната независност Хосе Марти.

Во наредните две дена британската кралска двојка ќе вечера со кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел, а ќе посети и историски локалитети, соларен парк, фарма за органско производство, биомедицинско-истражувачки центар и друго.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 13:17