Турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул истакна дека посетата на Турција на терористот, кој изврши напад врз две џамии во Нов Зеланд, била повеќе од туристичко патување, јави агенцијата Анадолија.

– Јасно е дека посетата на Турција од страна на лицето кое го изврши нападот во Нов Зеланд, е повеќе од туристичка посета, нагласи Ѓул при гостувањето во уредничкиот деск на Aнадолија.

Најмалку 50 муслимани беа убиени и исто толку повредени кога на 15 март, терористот Брентон Тарант (28), роден во Австралија, влезе во џамиите Ал Нур и Линвуд во Крајстчрч и со огнено оружје стрелаше во верниците, меѓу кои имаше и четири деца помлади од 18 години.

Според турските официјални лица, терористот ја посетил Турција двапати во 2016 година.

Надлежните истакнаа дека ја оценуваат можноста терористот да дошол во земјата за да изврши терористичка или самоубиствена операција, информира Анадолија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 14:14