Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски изминатиот викенд настапи на натпревари од БМУ Европскиот шампионат и Македонскиот национален шампионат одржани во соседна Грција, крај патеката во Серес.

Бузалковски кој минатата сезона ја освои титулата во класата СП125, оваа година ја започна со неговиот нов мотоцикл во поголемата класа Ф600 или SuperStock600.

Тој по двете извозени трки во БМУ Европскиот шампионат освои две трети места во својот прв настап со новиот тим „Seventy One Team“, а во Македонскиот шампионат беше без конкуренција освојувајќи две први места.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 10:33