Селска куќа, сместена на блага стрмнина во речна долина во областа Хемпшир во јужна Анлија, се одликува со скалести бетонски рамки, двор со базен и зафаќа 1.250 квадратни метри. Проектот е на компанијата Најел Меклафлин Аркитектс.
– Иако однадвор изгледа како голем објект, просторот внатре е релативно мал, но со употреба на големите лизгачки врати, куќата може да се прошири, објаснува главниот архитект Најел Меклафлин.
– Отсекогаш сум ја сакал комбинацијата од бетон и дрво. Како што дабот со времето ќе станува сив, ќе станува поблизок до бетонот, вели тој.
Спротивно на вообичаената пракса околу заедничките простории, спалните соби на првиот кат се прилично мали, но секоја има големи прозорци со широк поглед на долината.