Светскиот рекет бр.4, Роџер Федерер изјави дека тенисот ќе доживее големи промени кога ќе се пензионираат припадниците на „големата тројка“. Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал доминираат во последните десет години.

Швајцарецот, кој има 37 години, вели дека кога тројцата ќе се повлечат, ќе остават голема празнина зад себе.

– Кога тројцата ќе се повлечеме, нашите фанови ќе се најдат во вакум, вели Федерер.

Освојувачот на 20 Гренд-слем титули сепак верува дека „белиот спорт“ е во добри раце.

– За навивачите нема да биде исто, но знам дека ќе се појават нови ѕвезди. Во текот на годината имаме четири Гренд-слем турнири, по завршниот турнир, многу од оние големите, АТП листа … Некој ќе мора да биде шампион. Нашиот спорт е попопуларен од кога било и јас сум оптимист во врска со иднината, вели Маестро.

Роџер откри дека ќе продолжи да го следи тенисот и во пензија.

– Дефинитивно, беше неверојатно во последните 10 до 15 години за многу фанови кои уживаа да ме поддржуваат мене и Рафа. Играта е поголема од било кој играч кој постоел и се ќе биде во ред. И јас ќе продолжам да го следам одблиску тенисот кога ќе се пензионирам, заврши Федерер.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 02:42