Тимот на Голден Стејт го надигра како гостин Мемфис Гризлис со 118:103 во средба од НБА лигата. Домаќините го почнаа подобро дуелот и постигнаа цели 37 поени во првата четвртина, откако водеа со шест против актуелниот шампион – 37:31.

Во втората сепак избраниците на Стив Кер одговорија на предизвикот и на одморот поведоа за возврат со шест поени – 66:60. Во третата и четвртата четвртина „воини“ продолжија да бидат стабилни во одбраната, а на крајот ја зголемија предноста во резултатот и го освоија гостувањето со 15 поени разлика.

Над сите за победниците беа Кевин Дурант и Стеф Кари, кои завршија со по 28 поени, а Дурант пропушти само еден шут од игра – 12/13, додека Кари беше 50% од тројката. За „гризлите“, Јонас Валанчунас запиша уште еден силен натпревар, правејќи „дабл-дабл“ – 27 поени и 13 скока, а Мајк Конли додаде 22, но тие се покажаа крајно недоволни за играчите на Џеј Би Баjкерстаф.

Со успехот, „воините“ и понатаму се на врвот на Западната конференција – победа над вториот Денвер Нагетс. Од друга страна, Гризлис ја зазема 13-тата позиција на Запад.

Во следните натпревари, Голден Стејт оди на посета кај Минесота Тимбервулвс, додека Мемфис патува во Феникс Санс.

Останатите резултати од вечерта:

Чикаго Булс – Портланд Трејлблејзерс 98:118 Оклахома Сити – Индијана Пејсерс 107: 99 Феникс Санс – Вашингтон Визардс 121:124 Јута Џез – Л.А. Лејкерс 115: 100.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 10:04