„Макс Верстапен е екстремен нарцис“, вели светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година – Нико Розберг. Сепак, поранешниот возач на Мерцедес не мисли дека егоизмот е проблем за пилот на Ред Бул.

– Ако го земеме Макс како пример, тој е чист нарцис, како што го читаме во речник, изјави Розберг за еден подкаст.

Германскиот пилот вели дека Холанѓанецот честопати греши, но тој останува верен на своето убедување и не ја менува својата работа.

– Да се ​​биде таков тип на човек, кога имаш талент, може да биде моќна сила, а можеби дури и да биде најдобрата алатка во твојата кариера, изјави Нико Розберг.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, исто така верува дека Верстапен е „премногу сигурен“ во себе си, но верува дека ова ќе се промени со возраста, бидејќи сега има само 21 година.

– Мислам дека тој ќе собере искуство во текот на годините, а годините ќему донесат контрола, вели шефот на „сребрените стрели“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 10:22