Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, кој се повлече од својата кариера во најпрестижните автомобилски трки, ќе се врати на патеката.

Шпанецот ќе пилотира автомобил на Мекларен за тестовите што ќе бидат на патеката во Бахреин во неделата, по Гран при викендо кој започнува подоцна денес со слободните тренинзи.

Многу експерти сметаат дека Шпанецот може и да се премисли во еден момент и повторно да ја оживее кариерата во Ф1.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 11:22