Новиот пилот на Ферари, Шарл Леклер даде најдобро време во првиот слободен тренинг пред стартот за Гран При на Бахреин (втор круг од шампионатот) во Формула 1.

Пилотот на „Скудерија“ ги сопре хронометрите со време 1,30: 354 минути, откако заврти 20 круга на патеката „Сахир“. Неговиот тимски колега Себастијан Фетел остана втор со заостанување од +0.263 секунди, а тој остана на патеката 21 круга.

На трето и четврто место се наредија пилотите на Мерцедес – Валтери Ботас и Луис Хамилтон со прилично сериозни заостанувања – 0.974 секунди и 1.247 секунди.

Петти и шести завршија пилотите на Ред Бул – Макс Верстапен и Пјер Гасли.

Вториот тренинг во Бахреин почнува од 16:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 14:49