Голден Стејт ги обвинија судиите за драматичниот пораз од Минесота со 130:131 по продолжение, која го остави тимот во здрава битка за врвот на Запад.

„Воините“ ја посочија ситуацијата кога на 4,4 секунди пред крајот на дополнителното време и со 3 поени заостанување, Дурант шутираше од тројка и постигна кош, но судијата досуди прекршок, за кој сметаше се случил пред упатениот удар.

– Го гледав повторувањето. Тоа е игра за 4 поени. Тој едноставно ја доби топката и шутираше. Збунет сум, прокоментира тренерот Стив Кер. Но тоа не беше се. Неговиот тим сепак израмни откако Стеф Кари доби топка во аголот од теренот и реализира три поени.

Играчите на Голден Стејт цинично покажуваа кон судијата Марат Когут, но и тука не беше крајот на драмата. До крајот имаше половина секунда кога Ентони Толивер подаде кон Карл-Ентони Таунс, а друг од судиите досуди спорен прекршок на Дурант, со што ги налути шампионите.

Таунс го постигна првиот пенал и намерно го пропушти вториот, по што времето истече.

– Марат ли се вика судијата? Мислам дека тој беше најдобриот денес и веројатно еден од најдобрите на сите времиња, бидејќи знаеше дека ќе ме фаулираат и свирна уште пред да шутирам, додаде лутиот Дурант.

Стеф Кари нанижа 11 тројки и заврши со 37 поени за Голден Стејт, кој сепак така и не може да му избега на Денвер во битката за првото место во конференцијата и во моментов двата тима се со биланс 51-24.

Во среда наутро по наше време е судирот помеѓу двата тима во Оукленд, кој ќе биде одлучувачки за првата позиција.

Останатите резултати:

Бостон – Индијана 114:112 Атланта – Портланд 98: 118 Оклахома Сити – Денвер 105 : 115 Јута – Вашингтон 128: 124 Л.А. Лејкерс – Шарлот 129: 115



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 12:19