Ешли Барти го постигна најголемиот успех во кариерата, откако ја победи Каролина Плишкова со 7:6 (1), 6:3 во финалето на турнирот во Мајами. Австралијката триумфираше по речиси 100 минути игра.
Плишкова ја елиминираше Симона Халеп во претходниот круг и гозапочна самоуверено финалето, поведувајќи со 3:1. Постепено, сепак 12-тата носителка го подигна нивото и со моќни сервиси успеа да го израмни резултатот и да го донесе сетот до тајбрејк. Во него клучниот момент беше една исклучителна кратка топка, по која Барти доминираше целосно и со 7: 1 во поени го освои првиот сет.
Ова, исто така, и даде доверба на 22-годишната тенисерка, која во вториот сет го користеше својот совршено моќен форхенд. Таа прв стигна до брејк, а на свој сервис и дозволисамо 2 поени на ривалката.
На крајот, вториот брејк го потврди успехот на Барти, којa ја освои својата четврта ВТА титула. Австралијката, исто така, го обезбеди својот прв влез во топ 10 на светот, каде што следната недела ќе биде под број 9.