Отвореното првенство на Црна Гора во пауер-лифтинг кое се одржа во градот Колашин, на каменичанецот Бошко Стаменковски му донеде нов златен медал во дисциплината бенч-прес за натпреварувачи до 75 килограми. Како што информира Стаменковски, златото го освоил со подигање тежина од 135 килограми.
-Отвореното првенство на Црна Гора се одржува по 6 пат, а јас бев единствениот македонски претставник на натпреварот во Колашин. Се работи за пауер-лифтинг натпревар според „ГПЦ“ правилата. Категоријата во која настапив е за ветерани, имав релативно најдобар мастер и со подигнати 135 килограми за натпреварувачи до 75 килограми, освоив злато во дисциплината бенч-прес, информира Стаменковски.
Стаменковски е еден од ретките спортисти кој во пауер-лифтинг ја претставува државата на големите натпреварувања и притоа е неколку кратен европски и светски шампион.
Следниот предизвик за Стаменковски е настап на Европското првенство кое од 19-26 мај ќе се одржи во Унгарија.