Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс ја заврши својата 16-та сезона во НБА лигата.
Лос Анџелес Лејкерс остана без плејоф, иако во најавата за оваа сезона важеа за еден од фаворитите за титулата.
Џејмс без плејоф натпревари за последен пат остана во 2005 година, кога беше член на Кливленд Кавалирс.
– По консултации со нашиот тим на лекари и медицински персонал, решивме да го ослободиме Леброн од учество во преостанатите натпревари од сезоната. Оваа одлука ќе му овозможи да се опорави целосно и да се подготви за идните успеси, се вели во соопштението на Лејкерси.
Џејмс ја заврши својата прва сезона во тим што се натпреварува во Западната конференција со просек од 27,4 поени, 8,5 скока и 8.3 асистенции.