Швајцарецот Роџер Федерер по победа во финалето на турнирот во Мајами изјави дека направил неверојатен резултат.

Триесет и седумгодишниот тенисер во САД ја освои 101. титула во кариерата, победувајќи го Џон Иснер во два сета (6:1, 6:4).

– Можаев само да сонувам за ваков почеток на годината. Имав луда недела. Среќен сум, ова е неверојатно. Првпат играв овде во 1999 година, и тука сум овде во 2019 година. Тоа значи многу за мене, изјави Федерер.

Швајцарецот беше четврти фаворит на Мастерсот во Мајами.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 10:09