Македонската кошаркарска федерација денеска го објави распоредот за десетте кола во Супер-лигата.
Според пласманот по лигашкиот дел, двата најголеми ривала и претенденти за шампионскиот трофеј, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе се сретнат во 5. и во 10. коло закажани за 1 и 18 мај.
Супер-лигата почнува на 6 април. Двојките се: Куманово – Работнички Кожув – МЗТ Скопје Аеродром Блокотехна – Гостивар.
И екипите што ќе играат во плејаут-лигата борбата за опстанок ќе ја почнат на 6 април. Во 1.коло играат: Шкупи – АВ Охрид Пелистер – Вардар. Слободен е Фени индустри.