Светскиот шампион во Формула 1 за 2016 година, Нико Розберг не штедеше критики за Себастијан Фетел по уште една грешка од страна на Германецот.

Нападнат од Луис Хамилтон, пилотот на Ферари се заврте и ги уништи шансите за добар пласман, по оштетувањето на неговото предно крило. Тоа беше неговата нова грешка, по она што се случуваше во 2018 година, кога тој се направи грешки на неколку пати. – Тој продолжува да го прави она што го правеше минатата сезона, имено, да прави грешки. Кога е под тензија, се врти на патеката. Неверојатно е дека ова се уште му се случува. Прво од Ферари ја промашија стратегијата, што го вознемири, а потоа направи грешка во уште една битка „гума до гума“ и го упропасти целиот викенд. Тој мора да најде излез од дупката бидејќи неговиот тимски колега е неверојатно брз, па затоа му претстои сериозен предизвик и борба, изјави Розберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 16:45