Екипата на МЗТ Скопје го претрпе и вториот убедлив пораз против Приморска, овојпат со 95-72 во финалето на регионалната АБА-2 лига.
Домашниот тим повторно беше подобар во сите елементи на играта и заслужено на крајот дојде до висока победа. Избраниците на Ѓорѓи Кочов постојано го бркаа резултатот, но ниту еднаш не успеаја да го загрозат водството на словенечкиот тим.
Медфорд со 22 поени беше најпрецизен кај тимот од Аеродром, додека по 10 постигнаа Вудард и Самарџиски. Чакарун со 26 поени беше најдобар за победничкиот тим, додека Јагодиќ мечот го заврши со 17 поени.
Словенечкиот тим води со 2-0 во победи, која се игра до три победи, а финалната серија се сели во Скопје.
Во четврток (4 април) се игра натпреварот бр.3, а при евентуална победа на „сино-белите“, следниот ден ќе имаат шанса да го израмнат резултатот.
Евентуален петти дуел ќе се игра повторно во Копер и тоа следниот понеделник.