На 07.04.2019 година во 00:30 часот по полноќ, на социјалната мрежа Фејсбук било пријавено дека по долга и тешка акција Министерството за внатрешни работи успеала да лиши од слобода две гајби пиво и истите да ги однесе на распит.
По извршениот разговор односно празнење на шишињата, надлежните не им одредиле 30 дневен притвор и ги пуштиле да се бранат од слобода.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на гајбите им е изречена мерка претпазливост и истите ќе мора да се јавуваат два до три пати неделно пред надлежни полициски службеници.