Поранешниот напаѓач на Интер, Антонио Касано, сериозно го критикуваше Мауро Икарди во студиото на „Тики Така“.
Лошото момче на италијанскиот фудбал е на мислење дека Лаутаро Мартинез има подобри квалитети од Икарди во нападот и многу повеќе им помага на своите соиграчи во изградбата на играта.
– Икарди е како Инзаги. Ако не постигне гол, тој нема да ја допре топката. Мислам дека на Спалети му се допаѓа повеќе играч како Лаутаро. Икарди е човек кој постигнува голови додека неговиот тренер сака повеќе напаѓачи кои играат за тимот. Фудбалери како Един Џеко, Карим Бензема и Роберт Левандовски. Има играчи кои постигнуваат голови и играчи кои постигнуваат голови и играат за тимот. Интер игра во шема од 4-2-3-1, што значи дека има еден напаѓач. Икарди не може да игра со Лаутаро покрај него. Ако зависи од Спалети, тој ќе го игра Лаутаро. Тој добро се справува за своите дваесет години, и е подобар од Икарди, заврши поранешниот играч на „нероазурите“